Младите прилепски џудисти нижат медали на меѓународни натпреварувања

Младите прилепски џудисти нижат медали на меѓународни натпреварувања

На Балканското првенство за пионери кое изминатиов викенд се одржа во Будва, Црна Гора, во категоријата до 46 кг. македонскиот џудист Марко Димитријоски забележа голем успех освојувајќи го третото место и бронзениот медал.

Во конкуренција на најдобрите млади џудисти од Балканот, Димитријоски покажа исклучителна подготвеност и борбен дух, забележувајќи 5 победи во вкупно 6 борби.

Одличен резултат постигна и џудистката на ЏК „Пролетер“ од Прилеп, Џени Димитријоска, која на силниот меѓународен турнир во Беочин, Србија, се искачи на највисокото место на подиумот.

Покрај златниот медал на Димитријоска, во добро светло се прикажаа и останатите млади прилепски џудисти: Ведран Цветкоски, Анастасија Здравеска и Стефан Николоски.

Прочитајте повеќе

Комуналните камиони направија светлечко шоу, па заминаа да го чистат Скопје

Се мијат плоштадот Македонија и кејот на Вардар, а започна и чистење на депонијата Варадриште, …