Младите прилепски социјалдемократи во акција за чистење на Паркот на револуцијата

Младите прилепски социјалдемократи во акција за чистење на Паркот на револуцијата

Во пресрет на одбележувањето на Денот на народното востание 11.Октомври, денеска членовите на Локалниот клуб на СДММ од Прилеп под мотото „Ви благодариме херои“, спроведоа акција за чистење на спомен обележјата во Паркот на револуцијата.

Се чистеа бистите во Алејата на народните херои, споменикот „Жена борец“ и просторот во нивната непосредна средина. Заедно со младите социјалдемократи, во акцијата се вклучија и градоначалникот Илија Јованоски, како и членовите на советничката група на СДСМ предводени од претседателот Миле Талевски.

Во рамките на одбележувањето на 78 годишнината од почетокот на антифашистичката борба, во петок на 11.Октомври, во чест на паднатите борци ќе биде организиран граѓански марш од Участакот, до Могилата на непобедените.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …