Младите во Македонија меѓу надежта и евроскептицизмот

Младите во Македонија меѓу надежта и евроскептицизмот

Иако 41% од младите во Македонија имаат позитивен став кон Европската Унија, речиси половина од нив не веруваат дека земјата некогаш ќе стане членка. Ова го покажува истражувањето спроведено во јуни 2025 година, во соработка со платформата „Студентарија“.

Кога станува збор за иднината на земјата во ЕУ, истражувањето покажува дека46,5 проценти од испитаниците не веруваат дека државата некогаш ќе стане членка на ЕУ, додека 35,8 отсто веруваат дека членството е можно, но во подалечна иднина. Само 6,7 проценти веруваат дека земјата ќе може да стане членка на ЕУво текот на следните пет години, додека 11 отсто не знаат или немаат мислење за ова прашање.

Корупцијата – најголемата пречка за интеграција

Во анкетата се опфатени 1.000 млади луѓе од земјата, од кои 81,5 отсто студенти на додипломски или постдипломски студии. Дури 84,6% од испитаниците ја посочиле корупцијата како главна пречка за членство во ЕУ.

Следуваат билатералните спорови (61%) и ниската доверба во институциите (60%). Овие фактори ја поткопуваат вербата во европската перспектива и го поттикнуваат иселувањето.

Плоштадот и Камениот мост во Скопје
Доколку на младите луѓе во земјите кандидати за ЕУ не им се понудат вистински можности, стабилност и разбирање, тие би можеле сѐ помалку да ја гледаат иднината на својата земја во ЕУ

Што ги привлекува младите кон ЕУ?

Над 70% од младите се опишуваат како општествено неактивни. Само 8% учествуваат во политички или граѓански иницијативи.

Најголем интерес кај младите предизвикуваат можностите за работа и живот (76,2%), образовни програми како Еразмус+ (55,1%) и заштитата на човековите права (50%). Сепак, 60% од младите не веруваат дека членството ќе ја намали емиграцијата.

Според директорот за политика и комуникација во Европскиот центар за извонредност, Бојан Кордалов ваквите резултатите се сериозен аларм и повик за акција.

„Доколку на младите луѓе во земјите кандидати за ЕУ не им се понудат вистински можности, стабилност и разбирање, тие би можеле се повеќе да престанат да ја гледаат иднината на својата земја во ЕУ“, вели Кордалов.

Кој има најголеми шанси за ЕУ членство?

Според младите во Македонија, најголеми шанси за влез во ЕУ имаат Албанија (53,2%), Црна Гора (34,5%), Србија (14,7%) и Македонија (само 8,2%).  Овие бројки ја рефлектираат длабоката скепса за домашниот напредок кон ЕУ.

Повик за акција: младите како двигатели на промените

Публикацијата повикува на итна и координирана акција за вклучување на младите во процесот на евроинтеграција. Потребни се нови механизми за учество, транспарентна комуникација и конкретна поддршка. Само преку инклузивен пристап, европската иднина на Македонија може да стане реалност за младите генерации.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

„Кој е следен?“ најави јавен онлајн состанок пред Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот

„Кој е следен?“ најави јавен онлајн состанок пред Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот

Протесното движење „Кој е следен?“ ќе присуствува на седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита …