Мнозинството граѓани не знаат каде треба да пријават говор на омраза во медиумите

Мнозинството граѓани не знаат каде треба да пријават говор на омраза во медиумите

Мнозинството од граѓаните немаат одговор за тоа каде треба да поднесат пријава доколку забележат дека некои од медиумите шири говор на омраза, што претставува кривично дело кое се казнува со парична глоба и казна затвор од 1 до 5 години, покажува спроведената анкета од страна на Центарот за истражувања ИПСОС Македонија“, подржана од Фондацијата Конрад Аденауер и Здружението на новинари на Македонија, пишува „Порталб.мк“.

Истражувањето било спроведен во септември годинава на 1.033 испитаници.

Според анкетата, 46,2 отсто од граѓаните не дале одговор на прашањето каде треба да го пријават доколку забележат говор на омраза во медиумите, 9,2 проценти велат дека тоа би го пријавиле во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, 8,5 отсто во Советот на честа на ЗНМ, 8,4 проценти во Комисијата за заштита од дискриминација, 6,7 отсто во Комисијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, 6,2 проценти во институцијата Народен Правобранител на Македонија, 5,2 отсто во Советот за етика на медиумите на Македонија и 2,9 отсто во Јавното обвинителство.

Претходно од Хелсиншкиот комитет за „Порталб.мк“, изјавија дека граѓаните на Македонија многу малку се запознаени и препознаваат говор на омраза, бидејќи правната рамка е непрецизна. Тие бараат власта да спроведе кампања со цел јавноста да биде запознаена со говорот на омраза.

Од друга страна, Владата на Македонија преку националната стратегија за развивање на концептот „Едно општество и интеркултурализмот во Македонија“, ќе се бори против говорот на омраза, а најавуваат и нови пријави кои ќе се поднесат од МВР за лицата кои ширеле говор на омраза низ социјалните мрежи и други начини.

Стратегијата ќе се изготви во период од шест месеци во форма на документ, и според власта е важен имајќи го предвид степенот на поделба на општеството по разни основи.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …