Зграда на МНР

МНР: Евакуирани двајца македонски државјани по земјотресот во Мароко

Министерството ги повикува сите државјани на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732

Министерството за надворешни работи изразува сочувство за жртвите од катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко со епицентар во провинцијата Ал Хауз, југозападно од Маракеш, во Мароко. Од таму информираат дека македонското Дипломатско конзуларно претставништва во Каиро е во комуникација со надлежните институции во Мароко, за евентуални наши државјани во погодените региони и потреба за евакуација.

„Во нашето Дипломатско конзуларно претставништво во Каиро досега се пријавени само двајца наши државјани, кои се евакуирани и моментално се во камп во Маракеш, во добра состојба и утре вечер патуваат за Мадрид“, велат од МНР.

Министерството ги повикува сите државјани на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за …