МНР: КОМЕМОРАЦИЈА ЗА ИЛИНКА МИТРЕВА

МНР: КОМЕМОРАЦИЈА ЗА ИЛИНКА МИТРЕВА

Денеска во Министерството за надворешни работи се одржа комеморација по повод смртта на поранешната министерка за надворешни работи, Илинка Митрева.

Настанот почна со минута молчење, во знак на последна почит кон досега единствената жена- шефица на дипломатијата на Република Северна Македонија.

Во присуство на членови на нејзиното семејство, поранешни функционери, министри за надворешни работи и други нејзини соработници, членови на Амбасадорскиот совет, дипломати и медиуми се обратија министерот за надворешни работи, Бујар Османи како и Санта Аргирова, тогашен шеф на Кабинет на министерката Митрева, за потсетување на успешното дело на почитуваната Министерка.

Настанот, преку видео врска го следеа дипломатско-конзуларните претставништва на земјава.

Прочитајте повеќе

Кривична пријава од СДСМ Прилеп за Јовчески

СДСМ Прилеп: Кривична пријава за градоначалникот Јовчески заради незаконски потпишан анекс на Договор за јавна набавка

Прес-конференција на Моника Грашеска Илиеска, координатор на советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот …