МНР: Околу 100 македонски државјани во Авганистан, досега нема барања за евакуација

МНР: Околу 100 македонски државјани во Авганистан, досега нема барања за евакуација

Во изминативе 24 часа, на дежурните телефони во Министерството за надворешни работи (МНР )пријавени се неколку граѓани кои имаат свои роднини и/или пријатели во Авганистан, кои покажале интерес за состојбите во Авганистан, за напорите на МНР, но притоа не е побарана асистенција за нивно извлекување, соопшти министерството попладнево.

Околу 100 македонски државјани се на безбедни локации и веќе се договорени летови со кои тие ќе бидат извлечени од земјата, откако Талибанците го освоија речиси цел Авганистан и попладнево навлегуваат во Кабул, а се очекува попладнево мирно да ја преземат власта од демократски избраните државни органи.

„Според последните сознанија, околу 100 наши граѓани се идентификувани дека се сѐ уште присутни во Авганистан, и сега за сега сите се наоѓаат на безбедни локации. Според последните информации кои ги добивме, компаниите кои ги ангажираат работниците не се соочуваат со потешкотии и имаат резервирано сопствени летови за евакуација на нивните работници, а дел од нив веќе се префрлени во некои од соседните земји и нивниот трансфер дома не е спорен“, соопшти МНР.

Министерството за надворешни работи порачува дека будно ја следи состојбата во Авганистан, формирана е и посебна работна група во рамките на министерството, а има постојан контакт со амбасадите во земјава чии матични држави имаат логистичко присуство во Кабул, од каде постојано се добиваат информации за состојбите на терен.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Превозниците бараат преодно решение за влез во Шенген-зоната

Превозниците бараат преодно решение за влез во Шенген-зоната

ЕУ и натаму нема решение за професионалните превозници од регионот, кои се соочуваат со сериозни проблеми поради …