Моето чудесно Крушево

Моето чудесно Крушево

Пишува: Сотир Габелоски

На ден пред предизборниот молк од локалните избори во 2017 година, токму на Публикум објавив документ кој потврди дека еден од носителите на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, е осуден криминалец. Неколку години подоцна, истите овие криминалци со тапија, докажани недомаќини и шампиони во лажење, зборуваат за „полнење на јавното обвинителство со кривични пријави за Томе Христоски“.

Времето до 2017 година беше тешко. Тогаш, не можевме да видиме некој функционер од повисоките редови на власта да биде притворен, обвинет, ниту осуден. Денес гледаме за нијанса повисоко ниво на одговорност. Гледаме желба за справување со корупцијата, иако посакуваните резултати сеуште се далечни.

Во ова време кога видовме бројни пријави и пресуди, крушевското ДПМНЕ сака да ја глуми „Вистината за Македонија“ и тоа само во предизборен контекст, односно во овие неколку месеци пред локалните избори. Тие мислат дека ние заборавивме во какво Крушево живеевме. Тие мислат дека не се сеќаваме на се’ што проживеавме и не можат да разберат дека како граѓани, пред се’, денес се бориме заложбите од Шарената револуција да се преточат во стварност.

Ај што сето ова им е во предизборен контекст. Лажат бескрупулозно! Додека изговараат „власта не реализира ниту еден проект“, „забораваат“ да кажат дека во Крушево во тек се неколку големи градежни зафати: нов асфалт на главната сообраќајница во Крушево, тендерска постапка за реконструкција на покривот и фискултурната сала во ООУ „Никола Карев“, најава за реновирање на училиште во с.Борино, опремување на кино и сала за театар и уште редица проекти кои се реализирале во изминатите 3 и пол години.

Но, како граѓанин на општина Крушево, сакам да слушнам што има да предложат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ, во насока на подобрување на животот на граѓаните на Крушево? Искрено, се надевам дека брзо ќе помине периодот во кој ќе слушаме исклучиво партиски препукувања, оти на луѓето им се смачи од тоа. Затоа, со нетрпение очекувам да видиме што оваа партија ќе им понуди на граѓаните во форма на изборна програма, после периодот од 8 и пол години во кои, како локална власт, пропуштија да покажат и да ги убедат граѓаните дека имаат идеја и желба да работат во нивни интерес.

Криминалците зборуваат за криминал. Лажговците обвинуваат за лага. Недомаќините се гласни за недомаќинлакот. Моето чудесно Крушево…

Прочитајте повеќе

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

Воспоставувањето на паралелни структури кои ја поткопуваат севкупната безбедност и стабилност на земјата се против …