Могерини уште еднаш повика членките на ЕУ да го наградат напредокот на нашата земја

Високата претставничка за надворешни работи и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, ден пред клучниот состанок на ЕУ министрите каде треба да се разгледува препораката за старт на преговори со Македонија, повторно ги повика земјите членки да го наградат напредокот на Македонија.

– Знаете дека препорачавме отворање преговори со Скопје и Тирана, овој процес мора да се заснова на заслуги, што значи дека кога има напредок тој мора да биде признаен и да биде охрабрен и придружуван. Се надевам дека земјите членки ќе ја донесат вистинската одлука – рече Могерини.

Таа порача дека на Западниот Балкан „напредокот е импресивен“, наведувајќи го потпишувањето на Договорот за името со Грција, како и напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Министрите за надворешни работи на ЕУ утре на Советот за општи работи треба да дебатираат за проширувањето и за априлските извештаи на Европската Комисија за Западниот Балкан. Конечната одлука за преговори со Македонија би можела сепак да биде одложена доколку утре министрите не постигнат согласност.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …