Могерини: Вратени сте на патот кон ЕУ, славете па вратете се на работа

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција со високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини изјави Македонија заслужено добила чиста препорака за почеток на преговорите со ЕУ.

-За десет месеци постигнавме голем напредок во евроинтеграцискиот процес. Вреднувани се реформите во повеќе клучни области, како и политиките на пријателство и добрососедство. Го затворивме спорот со Бугарија, а на пат сме да затвориме и со Грција. ЕУ даде заслужена чиста препорака за почеток на преговорите со Европската Унија. Препораката неколку години наназад беше условена поради длабоката политичка криза и назадувањето со реформите – рече Заев.

Тој уште еднаш повтори дека Владата ќе продолжи со исполнување на реформските процеси во државата и изрази надеж дека Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите во јуни.

Високата претставничка на ЕУ, Могеирни рече дека Македонија е вратена на патот кон ЕУ и ги повика сите инволвирани да работат заедно.

-Ја носам добрата вест дека ЕК препорача почеток на преговорите за членство. Се вративте назад на добрата патека. Може да славите и потоа да ѝ се вратите на работата. Овој резултат е заеднички на Владата и опозицијата и тие треба и следните чекори да ги продолжат заедно и да ја преземат одговорноста за тоа – рече Могерини.

Во врска со спорот со името и најавите од Грција дека не може да се реши спорот до јуни, Могерини вели дека времето што е пред Македонија треба да се искористи позитивно и храбро и дека не може да предвиди што до тогаш би се случило.

Премиерот Зоран Заев рече дека ако во мај се изнајде решение ќе има време за сѐ и додаде дека сега е добро време за да се реши спорот со Грција.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Задолжителна стерилизација, гробишта за миленици, полиција за животни – новиот предлог закон влезе во Собрание

Законот подолг период го изготвуваа здруженија за заштита на животни во соработка со пратеници, а …