Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

Соопштение за јавност на СДСМ

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која дошла од Македонија.

Нема ниту еден одговор, како толкава количина дрога имало во Македонија, како поминала граница, скенери, камери…?

Молкот е јасна потврда дека скандалот оди до самиот врв на власта.

Ваков криминал не може да се случи без поддршка, логистика и заштита од луѓе на високи позиции во власта

Уште колку вакви пратки, уште колку тони дрога вредна милиони евра ја поминале границата?

Каде завршуваат огромните пари од шверцот на дрога и што се финансира со овие пари?

СДСМ со денови говори дека постои поврзаност на криминални структури во Македонија и Србија. Овој случај е уште една потврда за тоа.

Криминални тендери, 5 тони дрога, фотографии на Мицкоски со криминалци, луксузни часовници од 65.000 евра. Како во мафијашки филм.

Молкот мора да престане.  Обвинителството мора да се разбуди, да спроведе целосна истрага и да лоцира одговорност за картелскиот скандал со 5 тони дрога, без разлика кој на која функција се наоѓа.

Нема бегање од одговорноста.

Сите ќе одговараат!

Прочитајте повеќе

Американски претставници потврдуваат дека Русија му дава разузнавачки информации на Иран во војната на Блискиот Исток

Американски претставници потврдуваат дека Русија му дава разузнавачки информации на Иран во војната на Блискиот Исток

Наводната соработка доаѓа во многу деликатно време за односите меѓу САД и Русија, при што нуклеарните соперници …