МОН: Ги разбираме колегите од ДИЦ, но инстистираме матурскиот испит да се одржи на 27 мај

МОН: Ги разбираме колегите од ДИЦ, но инстистираме матурскиот испит да се одржи на 27 мај

Од МОН изразуваат целосно разбирање и поддршка на вработените во ДИЦ за надминување на предизвикот со кој се соочуваат, но велат дека тоа не смее да биде на штета на учениците

Министерството за образование и наука (МОН) инсистира државната матура да се одржи во предвидените рокови, а за секој нов предлог да се консултираат и учениците. Ова е апелот од одговорните во МОН, по денешната прес-конференција на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ), на која штрајкувачите кажаа дека штрајкот продолжува и дека продолжуваат да биде стопиран, меѓудругото, и процесот за организација и реализација на испитот на зрелоста.

Од МОН изразуваат целосно разбирање и поддршка на вработените во ДИЦ за надминување на предизвикот со кој се соочуваат.

„МОН инсистира државната матура да се одржи на датумите кои се дефинирани во Календарот за организација на учебната 2022-2023 година во јавните средни училишта, односно првиот екстерен испит да се полага на 27 мај, а вториот на 10 јуни. Апелираме и до раководството на ДИЦ и до членовите на Државниот матурски одбор, целосно да се испочитуваат дефинираните рокови, во интерес на матурантите, чие понатамошно образование или вклучување на пазарот на трудот зависи токму од овој процес, како чин на формализација на средното образование и стекнување диплома“, наведено е во соопштението од МОН.

Оттаму додаваат дека правото на синдикално организирање за остварување на одредени права е неспорно.

„Но, тоа не смее да биде на штета на учениците, кои треба да бидат консултирани за било каков нов предлог околу полагањето на државната матура. Дијалогот помеѓу ДИЦ и Министерството за финансии треба да продолжи до изнаоѓање на конечно решение, но истовремено, неопходно е да продолжат и процесите кои ги засегаат матрантите“, наведено е во соопштението од МОН.

Мета веќе го објави ставот на министерот Јетон Шаќири, кој кажа дека ќе инсистира да се задржат првично утврдените датуми за полагање. Утрово, вработените во ДИЦ на прес-конференција кажаа дека продолжуваат да штрајкуваат оти вчера неуспешни биле преговорите за повисоки плати во Владата.

„Ни беше понудено да добиеме К-15, кој нас ни следува согласно закон и кој досега незаконски ни го спречуваат да го добиеме. К-15 не беше нешто што беше предмет на преговори. Второ, понудено ни е линеарно покачување од 2.000 денари, кое требаше да се случи автоматски и тоа не треба да биде дел од преговорите“, рече Емилија Бошковска, советничка во Државниот испитен центар и претседателка на синдикалната организација.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Владините лопати се фрлаат и на 40 степени

Владините лопати се фрлаат и на 40 степени

Топлото време и екстремно високите температури не беа пречка премиерот и повеќе владини и локлани …