МОН објави прашалник со кој ги повикува родителите да го споделат искуството со далечинско учење

МОН објави прашалник со кој ги повикува родителите да го споделат искуството со далечинско учење

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави повикот за родители и старатели за учество во истражување, со цел сеопфатно истражување во основните и средните училишта, а е поврзано со здравствената криза со корона вирусот, пишува МЕТА.

„Основната цел на истражувањето е да ги сумира сите релевантни искуства и да го процени севкупното влијание на пандемијата ковид-19 врз образовниот процес во земјата. Преку вклучување на сите засегнати страни (даватели и корисници на услуги во образовниот сектор) – директори, наставници, родители и ученици, ова истражување ќе ни даде директен увид во различните искуства и важните аспекти на учењето на далечина“ информираат од МОН.

Како што велат оттаму, добиените сознанија ќе се искористат исклучиво за анализа на постојната состојба и за креирање на идните планови и активности во образовната политика.

Прашалниците за родителите се достапни на македонски и албански јазик.

Истражувањето е во изработка на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, со поддршка од канцеларијата на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија и Реактор – Истражување во акција.

Министерството за образование и наука ја објави нацрт верзијата на Концептот за развивање систем за образование од далечина во основните и средните училишта во Република Северна Македонија. Притоа ги повика сите заинтересирани кои можат да придонесат кон подготовка на што поквалитетна содржина на овој документ, да достават предлози и сугестии на електронската адреса mitkoceslarov@bro.gov.mk најдоцна до 10 јули, петок.

Прочитајте повеќе

македонската репрезентација во спортски танци

Европско злато и сребро за македонската репрезентација во спортски танци (ГАЛЕРИЈА)

На европското првенство во спортски танци кое на 4-ти октомври се одржа во Белград, репрезентацијата …