МОН: По добиена дојава за бомба, наставата да не се прекинува, туку да продолжи онлајн

МОН: По добиена дојава за бомба, наставата да не се прекинува, туку да продолжи онлајн

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) испратиле допис до основните и средните училишта во државата, во кој наложуваат директорите да организираат настава на далечина во деновите кога ќе добијат дојави за поставени бомби. Ова се случува за учениците да не губат од настава бидејќи дојавите се зачестени, а информацијата за дописот од МОН доаѓа откако Мета.мк објави дека гимназиите „Орце Николов“ и „Никола Карев“ веќе го применуваат овој начин на функционирање, со цел да има континуитет наставата и да не се губат часови.

Како што информираат за Мета.мк од МОН, училиштата треба да организираат учење на далечина во деновите кога има дојава за бомба. Досега имаше целосен прекин или распуштање на наставата. Освен ова, во дописот се наведени и насоки и начини за користење на електронски адреси, како и насоки за да се зајакнат контролата за влез и излез на училиштата.

Итните мерки кои МОН им ги испрати на директорите на училиштата, се преземаат за да се овозможи непречено реализирање на воспитно-образовниот процес во безбедна и стимулирачка работна средина.

Утрово, МВР објави дека 14 училишта добиле дојава за поставена бомба, но во текот на денот бројката порасна на 49. Се работи за скопски училишта, Заводот за рехабилитација во Скопје и едно во Прилеп. Вакви дојави, за кои постојано од МВР се утврдува дека се лажни, почнаа да стасуваат од 26 октомври минатата година. Покрај во нашата земја, ваква форма на хибридни закани минатата година се појави и во останатите земји од соседството.

Прочитајте повеќе

Знаме Македонија

Од прослави за знамето до тензии и обвинувања за дестабилизација

Прославите за албанското знаме низ Северна Македонија предизвикаа инциденти и сквернавење на македонското знаме, што …