„Морган Стенли“ прогнозира дека Русија може да банкротира до 15 април

„Морган Стенли“ прогнозира дека Русија може да банкротира до 15 април

Шансите Русија да го отплати својот надворешен долг се намалуваат, бидејќи цените на обврзниците паѓаат, се наѕира рецесија во државата и се натрупуваат разни ограничувања за плаќања откако Русија изврши инвазија врз Украина, прогнозираат од американската инвестициска банка „Морган Стенли“, пренесува Блумберг.

Неисполнувањето на обврските се зема како  најверојатно сценарио за Русија, а првиот рок до којшто би можело да дојде до ова е 15 април. До тогаш ќе измине 30-дневниот период за исплати што руската влада ги должи на обврзниците во долари коишто доспеваат во 2023 и 2043 година.

„Го гледаме неисполнувањето на обврските како најверојатно сценарио“, проценува Симон Вејвер од „Морган Стенли“.

Во случај на неисполнување на обврските, најверојатно сценарио за Русија ќе биде Венецуела, за која од „Морган Стенли“ сметаат дека е најрелевантна споредба.

Инвеститорите ги вреднуваат индикативните цени на обврзниците од 2023 година на околу 29 центи за американскиот долар, што е најниско досега, според податоците собрани од Блумберг. Ова би значело дека Русија можеби нема да може да го исплати надворешниот долг.

Ваквиот расплет на настаните следува откако САД, земјите-членки на ЕУ, Јапонија, Австралија и бројни други земји воведоа економски санкции откако Русија изврши воена агресија врз Украина. Веднаш по ова, под санкции се најдоа и руските банки, бројни светски брендови се одлучија да се повлечат од Русија, а под санкции за плаќање кон странство се најдоа и сите сопственици на кредитни и дебитни картички на Виза, Мастеркард и Американ експрес.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Германија: Повеќе работа не значи секогаш и повеќе пари

Германија: Повеќе работа не значи секогаш и повеќе пари

Откако актуелната влада го подигна нивото на социјална помош, се водат дебати дали воопшто се …