Мотоцентар: Ви ја претставуваме новата гума за сите сезони Nokian Seasonproof

Мотоцентар: Ви ја претставуваме новата гума за сите сезони Nokian Seasonproof

Ви ја претставуваме новата Nokian Seasonproof – all-season гума која нуди безбедност за сите временски услови во текот на целата година.

Како оптимално решение за возачите кои сакаат да се збогуваат со сезонските промени во гумите, новиот Nokian Seasonproof нуди безбедност и погодност за секој ден од годината. Nokian Seasonproof е сигурна и безбедна гума во текот на целата сезона за снежни и несигурни зимски денови со врвни летни перформанси и чувство на напор при возење.

Пневматиците Nokian Seasonproof, можете да ги купите во Мотоцентар во Прилеп. Резервирајте темин со јавување на телефонскиот број 073 333 222 или со клик на сликата ⇓ ⇓ ⇓

Мотоцентар: Ви ја претставуваме новата гума за сите сезони Nokian Seasonproof

 

Покрај продажба на нови пневматици, МОТОЦЕНТАР Ви ги нуди и следните услуги:

Монтажа и балансирање
Монтажа на пневматици преставува физичко поставување на гумата на фелните. Во овој процес невниманието или непрофесионалноста може да допринесат за сериозно оштетување на гумата.
Мотоцентар: Ви ја претставуваме новата гума за сите сезони Nokian SeasonproofБалансирањето на пневматиците е процес за врамнотежување на тежината на тркалата, кој обично се постигнува со користење на т.н. баланс тегови. Доколку тркалата не се правилно балансирани се јавува нестабилност веќе при брзина од 70км на час.
Во Мотоцентар за секоја купена гума добивате 50% попуст на услугата за промена и балансирање, побарајте понуда и цена за услугите. Овие услуги се вршат од високообучен кадар со најсовремена опрема за монтирање и балансирање.

Азотно пумпање
Азотот како инертен гас има поблагопријатни својства од кислородот, посебно на повисоки температури. Со цел да се задржат својствата на пневматиците и при поголеми температурни варијации, се препорачува азотното полнење пневматици, особено во летниот период.

Предностите на азотното полнење пневматици се многубројни, и тоа: зголемен век на трајност на пневматикот, намалена потрошувачка на гориво, како и поголема сигурност и удобност при возењето.

Поправка на пневматици
Поправката на пневматиците зависи од степенот на оштетувањето на пневматикот. Доколку се процени дека оштетувањето е поголемо, тогаш се препорачува заменување на стариот со нов пневматик. Поправката на пневматиците обично се прави со лепенки, кои можат да бидат нанесени со ладна или топла вулканизација.
За поправка на пневматици, од страна на висококвалификуван кадар, во нашите продажно- сервисни салони, се користи вулканизерска опрема и лепенки исклучиво од светски реномираниот производител TIPTOP.

Комплетна проверка на подвозјето на вашите автомобили и комбиња

  • спони,
  • јабучици,
  • гуртни,
  • плочи,
  • вилушка,
  • летва,
  • како и центрирање на преден трап,
  • сервисирање и полнење на клима уред со фреон.

Центрирање на трап
Центрирањето на трап е потребно за да се овозможи еднакво и изедначено трошење на нагазната површина, како и прецизност во управувањето со возилото. Доколку оваа рамнотежа е нарушена, возилото не функционира како што треба, а тоа по автоматизам се пренесува и на пневматиците.

Хотел за гуми
Мотоцентар Ви нуди и услуга чување на летно/зимските гуми. Сите се соочуваме со недостаток на простор каде би ги чувале работите кои не ги користиме секојдневно. Сезонските гуми претставуваат голема инвестиција и поради тоа треба одговорно да ги чуваме. За чување на гумите потребни се адекватни услови со цел да го одржат својот квалитет, рок на траење и подготвено да ја дочекаат следната сезона.

Прочитајте повеќе

Skoda Superb

Претставена новата Škoda Superb: Повеќе простор и удобност, шест ефикасни погонски единици и иновативни безбедносни системи (ВИДЕО)

Четвртата генерација на Škoda Superb се надоврзува на јаките страни на својот претходник, нудејќи уште …