Министерството за труд и социјална политика(МТСП) информира дека согласно заклучоците на Комисијата за заразни болести, следните категориите на лица треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од лекар специјалист за следните состојби:
-Хронични респираторни заболувања
-Тешки кардиоваскуларни заболувања
-Дијабет ТИП 1
-Малигни заболувања
-Имуно-компромитирачки состојби.
Во наредните 14 дена ослободени од работа и работни активности се и бремените жени.
Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени и сите работодавачи строго да се придружуваат до мерките кои Владата на Република Северна Македонија ги донесе на седницата одржана на 10.03.2020 за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).