Муцунски: Позициите на Македонија и Бугарија и понатаму се значително оддалечени, но разговорите се во позитивен дух

Муцунски: Позициите на Македонија и Бугарија и понатаму се значително оддалечени, но разговорите се во позитивен дух

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски информира дека на маргините на Меѓународната конференција за Коридорот VIII во Софија се сретнал со својата бугарска колешка Велислава Петрова-Чамова. Според Муцунски, средбата била конструктивна и во позитивен дух, но, како што рече, позициите на двете страни и натаму остануваат значително оддалечени.

Министрите разговарале за билатералните односи, евроинтеграциите и недовербата меѓу Скопје и Софија и Акцискиот план за малцинствата.

„Во однос на европската интеграција, постои висок степен на недоверба, која од наша перспектива е поврзана со предвидливоста на процесот и со досегашното искуство со билатералните барања. Разговаравме и за продолжување на дијалогот меѓу двете држави во периодот што следи, и покрај постојните разлики во позициите. Нагласив дека прашањата поврзани со идентитетот, историјата и културата не смеат да претставуваат пречка на европскиот пат. Без дијалог не може да се дојде до решение, но самиот дијалог не е гаранција за надминување на разликите“, вели Муцунски.

Според бугарската министерка Петрова-Чамова Бугарија ја поддржува европската перспектива на Македонија, но во процесот, кој е утврден со правила и критериуми, ниту една земја членка не може да гарантира какви било идни чекори. Таа посочи дека Македонија мора да ги направи уставните измени.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Митовски до Владата и АХВ: Дајте ни законски механизам за проблемот со добитокот во Крива Паланка

Митовски до Владата и АХВ: Дајте ни законски механизам за проблемот со добитокот во Крива Паланка

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на денешната прес-конференција упати итно барање до Владата …