Мултипликативен настан за презентација на онлајн пакет „Тренинг за претприемништво“

Настанот „Тренинг за претприемништво“, е дел од проектот „Преземи чекор“, во рамките на Еразмус +, K 2 Стратешкото партнерство за стручно образование. Стратешкото партнерство го сочинуваат: AГТИС, Република Северна Македонија; Diversity Living Services, Англија; Mobilizing Expertise AB, Шведска; NGO Ritineitis, Латвија; Eprojectconsult – Istituto Europeo di Formazione e Ricerca, Италија.

Основна цел на проектот е да се промовира едукација на млади и социјално исклучените млади, инволвираните во процесот на деловна едукација од областа на претприемништвото – било да се од институционалниот, било од НВО секторот и други засегнати личности и институции за започнување “бизнис” и можностите и поддршката за таа намена.

На настанот беше презентиран онлајн пакетот „Тренинг за претприемништво“, кој е развиен како еден од најважните резултати од двегодишната соработка помеѓу партнерите во проектот. Оваа обука е специјално скроена за нашето поднебје и состојба и содржи дигитални едукативни материјали од оваа област. Корисноста од настанот и пакетот обуки е идеја водилка на АГТИС и сметаме дека тоа ќе ги мотивира младите да започнат да развиваат деловни идеи.

настанот учествуваа младински работници, ученици и професори од средни стручни училишта од Прилеп и Долнени, претставници од невладини организации, институции.

Директорката на СОУ „Ѓорче Петров“, Петра Лукароска, која истакна дека ваквите обуки, се од голема важност и за учениците и кадарот на училиштето, токму затоа што учениците, после завршувањето на средното училиште, се веќе обучени и вешти да започнат сопствен бизнис. Дополнително, училиштето работи со деловниот сектор, а со тоа на учениците им нуди и друга советодавна и деловна поддршка.

Еленче Ташкоска –  преtседателка на Советот на општина Прилеп, во своето обраќање кажа дека заедничкото учење е долгорочен процес каде и младите и возрасните постојано треба да се надоградуваат се со цел подобро да ги имплементираат сите новини, а институциите треба да бидат корисни и проактивни во својата заедница. Така ги охрабруваме младите да започнат сопствен бизнис. Таа го предочи на присутните Законот за младинско учество и младински политики и како тој помага во оваа насока, па на младите им порача: „вие младите можите да бидите учесници во креирањето на политиките на локално ниво со директно учество во работата на Советот на општината, за да го подобрите вашето живеење, а со тоа и да останите во земјата.

Ајша Муаремоска – Раководител на одделение за јавни дејности – образование во општина Долнени, истакна дека ваквите обуки се добредојдени за младите од руралните општини, преку кои се едуцираат, а воедно  се стимулираат да започнат свој бизнис, и да искористат дел од мерките кои ги нуди Владата и странските програми.

На настанот свое искуство пренесе Јакуб Мачијевски од Полска, кој во моментов  е студент и  практикант во компанија во Холандија. Тој истакна дека искуството кое го стекнува во образованието поткрепено со праксата, го мотивира после студиите да започне сопствен бизнис и ги охрабрува и младите од нашата земја да ги следат ваквите примери.

Координаторот на проектот Благица Цветкоска, истакна дека од предходните истражувања кои ги имавме во партнерски земји од проектот, кај младите од нашата земја главна причина за не започнување на сопствен бизнис е самодовербата и мотивацијата. Се надеваме дека преку ваквите настани, обуки ги мотивираме младите да започнат сопствен бизнис.

Настанот се организира според сите протоколи за организација на настан во време на пандемија и со стриктно почитување на мерките за заштита и превенција од Ковид-19.

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …