Музички спектакл во Хераклеа, во “режија“ на Исмаил Лумановски

Музички спектакл во Хераклеа, во “режија“ на Исмаил Лумановски

Кога кларинетот и канонот се носечки инструменти во група составена од врвни музичари, на чиј репертоар се композиции со етно-поп-џез стил, тогаш, задоволството за публиката е гарантирано.

Така беше и синоќа во античкиот локалитет Хераклеа, каде концерт одржа виртуозот на кларинет, светски познатиот и признат Исмаил Лумановски, заедно со членовите на неговата група „Њујорк џипси ол старс“. На концертот беа изведени композиции од двата албума на групата, како и нови преработки со мотиви од балканскиот традиционален мелос во кои Лумановски ја покажа својата виртуозност во секоја музичка област. Членовите на групата, исто така врвни изведувачи, со целата енергија го дадоа најдоброто од себе и приредија вистинско музичко задоволство.

Бројната битолска публика во локалитетот Хераклеа со бурен аплауз го награди Лумановски, кој пак заблагодарувајќи и’ се на публиката, уште еднаш истакна дека му се исполнил животниот сон да музицира во објект полн со историја и енергија. Концертот на Исмаил Лумановски се одржа во рамките на битолското културно лето БИТ ФЕСТ, со финансиска поддршка на Општина Битола.
Во рамки на програмата на БИТ ФЕСТ, вечерва во НУ ЗМГ со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Вермахтот и Македонија“.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …