МВР: 13 лица во државен карантин заради непочитување на мерките за изолација и самоизолација

Од 12 јуни заклучно со денес, полицијата спроведе 13 лица во државен карантин поради непочитување на решенијата за изолација и самоизолација, информираат од Министерството за внатрешни работи. Меѓу лицата е и еден полициски службеник, а против сите нив ќе бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ. Воедно, лицата што се спроведени во државен карантин ќе мора истиот самите да си го платат.

Во тек е вториот бран на новозаразени лица со корона вирус, што е директна последица од континуираното непочитување на мерките за превенција од ширење на вирусот. Мета.мк и претходно пишуваше дека секојдневно се прекршува мерката за самоизолација и изолација, како и мерката за неносење заштитна маска.

И покрај секојдневните апели на здравствените власти, граѓаните и понатаму не ги почитуваат мерки. Во последното деноноќие, две лица ја прекршиле мерката за самоизолација и изолација, додека пак 707 граѓани не носеле лична заштита на лицето. Полицијата издала решенија за изолација на 566 лица, а 178 потпишале изјави за самоизолација.

Во моментов, државата се соочува со вкупно 2.942 активни случаи на ковид-19. Од вирусот закрепнаа 1.926, а починаа 238 лица. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.106.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

гимназуја јосип броз тито дојава за бомба

Малолетник го признал делото за една од лажните дојави за бомби во скопските училишта

Малолетник од Скопје доби кривична пријава откако признал дека минатиот месец испратил лажна дојава за …