МВР: Две лица загинаа во синоќешната сообраќајна несреќа во Пинтија

На 12.06.2019 година во 22.00 часот на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(21) од с.Батинци, скопско и патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(48) од Скопје. Двајцата возачи починале на местото на настанот. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција.

Прочитајте повеќе

Царина Богоев

Богоев: Побрз транспорт и заштеда на време и средства преку стекнување статус на Овластен економски оператор

Заштеда на време и трошоци, помалку физички контроли, предност во царинење и избор на место …