МВР ќе добие компјутерски центар во Прилеп

Зоран Милошески

Изградба на ИКТ (Информатичко-комуникациска технологија) центар за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет на работа почна да се гради во Прилеп.

Проектот е финансиран од ИПА-фондовите на ЕУ, чии партнери се министерствата за финансии и за внатрешни работи. Краен корисник на Информатичкиот центар е Министерството за внатрешни работи и тој треба да обезбеди зачувување на податоците во услови на можни катастрофи и елементарни непогоди.

Од сите предложени локации во предфизибилити студијата, Прилеп беше избран како клучна стратешка локација за изградба на објектот во кој ќе се чуваат податоците, со цел да се обезбеди континуитет во работењето во услови на природни непогоди и катастрофи. Тоа е дел од обврската на Република Македонија во исполнување на европските стандарди на патот кон ЕУ.

Проектот е „тежок“ 3.398.473 евра, од што 2.437.000 се обезбедени од ЕУ, а другите со национално кофинансирање. Договорот за имплементација на проектот е потпишан помеѓу Секторот за централно финансирање и склучување договори при Министерството за финансии и избраната компанија, согласно критериумите на ЕУ. Изведувач на работите е компанијата „4 А-М СХПК“ („4 A-M SHPK“) од Република Албанија, која како најповолен понудувач работата ја доби на меѓународен тендер. Надзорот над градежните работи го врши француската фирма.

Според Бранко Стојмиров, инженер геодет во фирмата изведувач, во моментов на терен се вршат подготвителните работи и оградување на локацијата во местото Караташ, веднаш до касарната „Мирче Ацев“. Вкупната површина на објектот изнесува околу 2.000 м2, а крајниот рок за изградба e 15 ноември 2018 година.

Паралелно се работи и на проект за целосно опремување на ИКТ-центарот, за што ќе бидат потрошени дополнителни седум милиони евра, од кои 5.950.000 од ИПА-фондовите, а преостанатите од национално кофинансирање. Во ИКТ-центарот за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет на работа ќе бидат вработени 60 лица.

Објавено во „Слободен печат“

Прочитајте повеќе

Вицепремиерката Грковска им ги додели дипломите на најдобрите студенти од ФИНКИ

Вицепремиерката Грковска им ги додели дипломите на најдобрите студенти од ФИНКИ

Заменичката на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, …