МВР ќе издава лични карти и викендов

МВР ќе издава лични карти и викендов

Министерството за внатрешни работи информира дека сите Одделенија за управни работи ќе работат во сабота и недела (29 и 30 септември).

„Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа. Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота (29 септември) до 16.30 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи. На денот на референдумот (недела, 30 септември) Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 07 до 19 часот.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Кривичниот суд ги ослободи Драган Павловиќ-Латас и Стефан Лазаров за подкастот во кој се исмеваше силување

Кривичниот суд ги ослободи Драган Павловиќ-Латас и Стефан Лазаров за подкастот во кој се исмеваше силување

Кривичниот суд Скопје ги ослободи Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров, во чиј подкаст гостинот …