ОВР Прилеп поднесе поднесе кривична пријава против девет физички и две правни лица и тоа: М.Р.(49), тогаш во својство на градоначалник на општина Прилеп, И.Ч.(70), раководител на Одделение за урбанизам во општина Прилеп, И.К.(65), раководител на Сектор за урбанизам во општина Прилеп, В.Ј.(63) Државен правобранител-Прилеп, Т.М.(63), nотар поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, М.З.(54), претседател на Комисијата при општина Прилеп, Ж.С.(70), раководител на Одделение за катастар и недвижности, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „давање лажен исказ“, Г.Б.(57), еден од основачите на фирма од Прилеп-купувач на спорните парцели и тужител, како и основач и управител на правно лице од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување на службена исправа“ и „поднесување на лажни докази“, Р.П.(56), вработен во правното лице од Прилеп како изготвувач на геодетските елаборати и за изработка на ДУП поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на службена исправа“, правно лице од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ Давање на лажен исказ“ и друго правно лице од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување на деловни книги“ и „давање на лажен исказ“.

Пријавените во својство на одговорни лица со пречекорување на своите овластувања, а со намера да овозможат противправна имотна корист за правното лице од Прилеп , во 2012 и 2013 година, со електронско наддавање каде како продавач се јавува општина Прилеп на градежни парцели ГП од КО Прилеп, а како купувач се појавува правно лице од Прилеп, противправно –со лажни имотни листови во кои не постои податок за правото на користење на земјиштето на Министерството за одбрана кое е запишано уште од 01.10.2009 година, а за што од проверките било констатирано дека сите инволвирани лица знаеле дека се лажни и свесно не ја оспориле нивната валидност во сите постапки, постапувајќи најпрво од онаа при припремата на објавата за продажбата на градежното земјиште, давањето на согласностите од страна на Државно правобранителство-Прилеп, а потоа и во постапката пред суд по поднесената тужба за надомест на штета, а ниту пак е поведена постапка пред надлежен суд, на кој начин е отуѓено градежното земјиште сопственост на државата, а врз кое корисник било Министерството за одбрана, а со кои дејствија по заведен судски спор пред Основен суд Прилеп од купувачот правно лице од Прилеп против ПМ за надомест на штета, исплатени се парични средства по правосилна Пресуда на име уплатен надомест за градежно земјиште,„надомест на штета“ и камати во износ од 19.191.800 денари –од буџетот на Република Македонија, а трите парцели биле отуѓени од страна на општина Прилеп по вкупна цена од 11.442.102 денари, по што на ваков начин предизвикана е штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 7.749.698 денари.

Во 2013 година, од страна на општина Прилеп  било издадено одобрение за градење на  правно лице од Прилеп за изградба на станбена зграда со деловен простор на друга локација во Прилеп при што бил склучен договор за плаќање на надоместокот за уредување на градежното земјиште на 11 месечни рати, а платена е само првата рата, а самиот Договор нема предвидено одредби за заштита  од неплаќање на долгот, ниту пак истото е укинато, на кој начин противправно му е овозможено  на истото правно лице од Прилеп  да врши градежни работи без да го плати  утврдениот надоместок- а што е спротивно на одредбите  предвидени во Законот за градење. Плаќањето на надоместокот за  уредување на градежното земјиште е извршено во 2016 година вез основа на судска пресуда по тужбата за продажба на градежни парцели.