МВР: Поради штрајкот во Грција утре ќе има застој на граничните премини

МВР: Поради штрајкот во Грција утре ќе има застој на граничните премини

Министерството за внатрешни работи денеска добило известување од грчките гранични полициски служби дека поради најавениот штрајк на грчките царински работници во текот на утрешниот ден сообраќајот на граничните премини кон Грција ќе биде во застој.

На граничниот премин Меџитлија утре од 00.00 часот до 24.00 часот, на грчкиот дел од преминот ќе биде во прекин целокупниот сообраќај за патнички и товарни возила, како и автобуси. Истото ќе важи и за граничниот премин Стар Дојран каде што штрајкот ќе започне утре во 05 часот а ќе трае до задутре до 05 часот, а ќе бидат пропуштени патнички возила само во одредени исклучителни, односно итни случаи. И за граничниот премин Богородица најавен е штрајк на грчките царински службеници во периодот од 07 часот утре до 07 часот наредниот ден.

Од МВР информираат дека делницата Скопје -Приштина на потегот од Хани Елези – Качаник од денеска е пуштена за сообраќај по неколкунедениот прекин на сообраќајот поради градежни зафати.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …