технички преглед

МВР разби криминална мрежа: Проневерени 2,2 милиони евра преку технички преглед

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал разби криминална група која преку станица за технички преглед во скопско Кучевиште проневерила над 2,2 милиони евра.

При полициската акција извршени се претреси на повеќе локации во Скопје при што се уапсени три лица, а запленети се над 27.700 евра, девизи во други валути, телефони и две патнички возила. Единицата за финансиски криминал поднесе кривични пријави против шест физички и три правни лица за проневера, перење пари и несовесно работење во службата.

Лажни извештаи и перење пари преку брокерско друштво

Криминалната мрежа ја предводел 49-годишниот С.С., сопственик на правното лице од Кучевиште кое вршело технички преглед на возила. Заедно со раководителот на станицата, Д.М., во периодот од почетокот на 2021 до јануари 2026 година, тие доставувале лажни извештаи за наплатени надоместоци при регистрација на возила кон државните институции и општините. Парите биле прикривани преку осигурително брокерско друштво, каде што С.С., Ш.С. и З.Ѓ. биле членови на Одборот на директори. Иако на таа сметка смеела да се наплаќа само полисата за осигурување, тие ги префрлале парите од надоместоците и подоцна купувале недвижности за да го прикријат криминалното потекло на средствата.

Вмешаност на функционерка од Државни патишта и сметководител

Во малверзациите директно е вмешана и 64-годишната Т.М., вработена како помошник директор за финансии во Јавното претпријатие за државни патишта. Таа не го вршела потребниот законски надзор, не ги споредувала наплатените средства со доставените извештаи и директно овозможила главниот осомничен да проневери над 48 милиони денари само по основ на патна такса. Дополнително, 40-годишниот овластен сметководител М.Д. внесувал невистинити податоци во завршните сметки за да ја прикрие реалната финансиска состојба на станицата за технички преглед.

Милионски штети за општините и државните институции

Вкупната противправна имотна корист што ја стекнала оваа криминална група изнесува 138.877.419 денари, односно околу 2.258.169 евра. Најголема штета претрпеле буџетите на општините, кои биле оштетени за над 83 милиони денари по основ на комунална такса. Јавното претпријатие за државни патишта е оштетено за повеќе од 48 милиони денари, Министерството за животна средина за 5,5 милиони денари, додека Црвениот крст останал покус за речиси 1,5 милиони денари.

Следете ги најновите извештаи од полицискиот билтен во рубриката „Македонија“ на Публикум.

Прочитајте повеќе

Артан Груби ќе се брани од слобода откако избега, па се врати

Артан Груби ќе се брани од слобода откако избега, па се врати

Куќниот притвор на Артан Груби, екс-прв вицепремиер и второобвинет во предметот поврзан со Државна лотарија, …