МВР санкционира 10 „диви тркачи“ на скопската обиколница

МВР санкционира 10 „диви тркачи“ на скопската обиколница

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност информира дека, во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на 12 септември 2020 спроведе акциска контрола против возачи на моторцикли кои учествуваат во таканаречените „диви трки“ на подрачјето на град Скопје, поточно на скопската обиколница.

„Санкционирани се 10 возачи на моторцикли кај кои се констатирани низа прекршоци. Од нив двајца моторциклисти се приведени во Полициското одделение Петровец, а моторциклите ќе бидат упатени во Станица за технички преглед за понатамошна постапка“ стои во соопштението на МВР.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …