притвор апсење

МВР спречи транспорт на дрога вреден 200.000 евра

Вчера од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во заедничка акција со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единицата за брзо распоредување и ОВР Ресен, беа лишени од слобода К.К.(25), М.Ф.(28) и Ф.Б.(42), сите од Република Албанија, со што беше пресечен меѓународен канал на транспорт на наркотична дрога од Република Албанија, низ Република Северна Македонија, а наменета за Република Грција, како крајна дестинација. Притоа, во рамки на засилените мерки и активности во борбата против недозволената трговија со дрога, во текот на вчерашниот ден беше запленета марихуана во количина од вкупно 65 килограми, со вредност од околу 200.000 евра.

Имено, вчера во утринските часови, на регионалниот пат од Трпејца кон Стење, преку Националниот парк Галичица, биле сопрени две патнички возила, марка „мерцедес“ со албански регистарски ознаки, кои учествувале во вршењето транспорт на дрогата. При извршен преглед на возилата, од кои едното било управувано од К.К., каде како совозач бил М.Ф., а второто од Ф.Б., биле пронајдени и одземени 3 големи торби со марихуана, спакувана во 44 пакувања.

Албанските државјани се приведени, а по насока на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен, дрогата е предадена на вештачење, при што било утврдено дека станува збор за вкупно 65 килограми марихуана, а против трите лица ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по член 215 од Кривичниот законик.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …