МВР врши истрага за директорувањето на Дејан Пројковски во МНТ

Одделението за борба против организиран криминал од МВР по налог на Јавното обвинителство од минатата седмица вршат истрага во Македонски народен театар (МНТ), поради сомнение за злоупотреби направени во периодот од 2015 до 2017 година, кога директор бил Дејан Пројковски.

Минатата седмица инспекторите одзеле документи од правната служба.

Според информациите, Пројковски се товари за злоупотреба на службената положба со сомнителна набавка и ненаменско трошење во износ од 150.000 евра.

Од Министерството за култура велат дека поднеле пријава во МВР откако сегашната в. д. директорка  на МНТ, Симона Угриновска, која беше назначена во февруари, побарала ревизија на работата на претходниот директор.

МВР во овој момент собира и анализира документи и во интерес на истрагата не даваат повеќе детали.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Секогаш кога се ближат изборите, се влошува говорот на омраза на етничка основа во медиумите

„Слободата на медиумите е неотуѓиво право“ според Етичкиот кодекс на новинарите е едно од основните …