МЗ: Досега 85.179 лица се пријавиле да примат вакцина против ковид, 38.000 од нив имаат над 70 години

Министерството за здравство информира дека досега преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ 55.970 лица ја пополниле формата за аплицирање преку искажување на интерес за вакцинација против ковид-19. Преку матичниот лекар, за вакцинација се пријавиле 29.209 лица. Од оваа вкупна бројка, 38.000 лица над 70 години се пријавени за вакцинација, посочуваат од ова министерство.

Вчера, со вакцинација на 202 здравствени работници почна имунизацијата во земјава. Согласно направениот план за вакцинација на здравствените работници, први се вакцинираат медицинските лица кои работеле или работат со ковид пациенти од инфективната клиника, ГОБ „8 Септември“, Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, интерните клиники кои хоспитализираа пациенти. Од следната недела, вакцинацијата ќе почне и кај здравствените работници во болниците низ државата, како и приватните болници.

Од Министерството за здравство велат дека вакцините се безбедни и развиени на сигурни платформи. Откако од Србија во неделата добивме 4.680 од вкупно 8.000 вакцини од компанијата Фајзер, во текот на следната недела, во земјава се очекува да пристигнат и останатите количини. До крајот на овој месец, се очекуваат да пристигнат и 200.000 вакцини од Народна Република Кина.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …