МЗ: На Инфективната клиника од ковид-19 почина 16-годишна девојка

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при Клиничкиот центар во Скопје починала 16-годишна пациентка од тетовското село Сиричино. Девојката не била вакцинирана против ковид-19.

Пациентката со многу тешка клиничка слика со возило на итна помош била донесена на Инфективната клиника од Клиничката болница во Тетово, каде што била хоспитализирана од 21 до 23 октомври.

Таа претходно била лекувана во домашни услови поради тегоби кои датирале 9 дена пред приемот во тетовската болница.

Според медицинскиот извештај од Инфективната клиника, станува збор за исклучително тежок случај, при што пациентката била кислородно зависна со тешка ковид пневмонија.

Во текот престојот во клиниката, од анализите е потврдена и белодробна тромбемболија. Во текот на лекувањето дошло до брзо прогресивно влошување на респираторната функција.

Пациентката била мултидисциплинарно лекувана поради развиените компликации. Во текот на вчерашниот ден дошло до драматично влошување на виталните параметри што довело до срцево белодробно попуштање.

Овој нов случај на починато млади лице од ковид-19 доаѓа само неколку дена по смртта на 17-годишна девојка од селото Сопотница, Демир Хисар, која што исто така почина на Инфективната клиника. И оваа девојка немала примено вакцина против ковид-19.

Интересот за вакцинирање кај младите лица во земјава против ковид-19 е минорен, а доказ за ова се и бројките на Министерството за здравство за лицата на возраст од 18 до 39 години, чиј опфат на вакцинација е скромни 33 проценти, при што оваа бројка значително опаѓа кај помладите од 18 години.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …