МЗШВ: Штетите на јаболковите насади во Преспанскиот регион се до 80 проценти

МЗШВ: Штетите на јаболковите насади во Преспанскиот регион се до 80 проценти

Според првичните проценки на претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и локалните власти штетите од невремето во ресенскиот регион се 80 проценти, информираат од МЗШВ.

„Преспанскиот регион е дури шест пати опфатен од невреме од мај до денес. Токму затоа, Комисијата за проценка на штети е веќе формирана и активна. Според првичните информации поројниот дожд и град во регионот предизвикал најголеми штети во село Јанковец, Ресен, делови од селата Златари и Сопотско. Општината комисија веќе е излезена на терен и врши проценка на штетите предизвикани од невремето, а прецизни проценки на оштетените јаболка ќе можат точно да се соопштат следната недела. Сепак, според првичните проценки штетите врз насадите се од 70 до 80 отсто“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека „штети од невремето се забележани и во прилепскиот регион, поточно во Големо и Мало Коњари“.

„Општина Прилеп формираше Комисија за проценки на штети, која ќе биде задолжена за проценка на материјалните штети на објекти и приватни имоти, по што ќе следува постапка за обештетување“, информираат од МЗШВ.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …