На 15 ноември почнува законската обврска за задолжително носење зимска опрема

На 15 ноември почнува законската обврска за задолжително носење зимска опрема

Обврската за задолжителна зимска опрема стапува на сила на 15 ноември и важи до 15 март следната година.

Под зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.5t, се подразбира:

  • зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази од четири милиметри (4 mm) или
  • пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 х 4), подразбира:

зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, од шест милиметри (6 mm) или
пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, од најмалку четири милиметри (4 mm), при што синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.
Зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.5t, подразбира:

  • зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри (6mm) или
    пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала; Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, потребно е да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата. Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

За непоседување на задолжителната зимска опрема во возилото, во предвидениот период, предвидена е парична глоба во износ од 45евра во денарска противвредност или ќе се регистрираат 25 негативни бодови, согласно овој Закон.

За таа цел, Мотоцентар излегува со акциска понуда за пневматиците на Michelin. Конкретно, станува збор за зимски и М+Ѕ гуми. Како што истакнуваат од Мотоцентар, во понудата се наоѓаат и најдобрите пневматици според ADAC тестовите, а тоа се Michelin Alpin 5.

Имено, Мотоцентар започна акција според која во периодот од 1 ноември до 1 декември за четири купени зимски или ‘all season’ пневматици од брендот Michelin ќе добиете и ваучер за гориво, и тоа за пневматици со големина од 14 до 17 инчи и поголеми.

Во зимскиот период, зимските пневматици нудат витален зафат на снег, мраз или влажни коловози. При тестирањата на ADAC само едни пневматици, од вкупно 13, покажале мошне балансирани и добри перформанси. Станува збор за пневматиците Michelin Pilot Alpin 5, кои успеаја да постигнат добри оценки во сите главни критериуми. На влажни услови, гумите се мошне убедливи при управувањето, при снежни услови овие пневматици покажале убедливо најдобри перформанси во однос на сите конкуренти, додека на лед Michelin Pilot Alpine 5 се снаѓаат одлично. Треба да се напомене дека при тестирањата се користени SUV, компактни возила, комбиња и транспортери, а пневматиците на Michelin се покажаа во секоја од категориите.

Резервирајте темин во Мотоцентар во Прилеп со јавување на телефонскиот број 073 333 222 или со клик на сликата ⇓ ⇓ ⇓

На 15 ноември почнува законската обврска за задолжително носење зимска опрема

 

Покрај продажба на нови пневматици, МОТОЦЕНТАР Ви ги нуди и следните услуги:

Монтажа и балансирање
Монтажа на пневматици преставува физичко поставување на гумата на фелните. Во овој процес невниманието или непрофесионалноста може да допринесат за сериозно оштетување на гумата.
На 15 ноември почнува законската обврска за задолжително носење зимска опремаБалансирањето на пневматиците е процес за врамнотежување на тежината на тркалата, кој обично се постигнува со користење на т.н. баланс тегови. Доколку тркалата не се правилно балансирани се јавува нестабилност веќе при брзина од 70км на час.
Во Мотоцентар за секоја купена гума добивате 50% попуст на услугата за промена и балансирање, побарајте понуда и цена за услугите. Овие услуги се вршат од високообучен кадар со најсовремена опрема за монтирање и балансирање.

Азотно пумпање
Азотот како инертен гас има поблагопријатни својства од кислородот, посебно на повисоки температури. Со цел да се задржат својствата на пневматиците и при поголеми температурни варијации, се препорачува азотното полнење пневматици, особено во летниот период.

Предностите на азотното полнење пневматици се многубројни, и тоа: зголемен век на трајност на пневматикот, намалена потрошувачка на гориво, како и поголема сигурност и удобност при возењето.

Поправка на пневматици
Поправката на пневматиците зависи од степенот на оштетувањето на пневматикот. Доколку се процени дека оштетувањето е поголемо, тогаш се препорачува заменување на стариот со нов пневматик. Поправката на пневматиците обично се прави со лепенки, кои можат да бидат нанесени со ладна или топла вулканизација.
За поправка на пневматици, од страна на висококвалификуван кадар, во нашите продажно- сервисни салони, се користи вулканизерска опрема и лепенки исклучиво од светски реномираниот производител TIPTOP.

Комплетна проверка на подвозјето на вашите автомобили и комбиња

  • спони,
  • јабучици,
  • гуртни,
  • плочи,
  • вилушка,
  • летва,
  • како и центрирање на преден трап,
  • сервисирање и полнење на клима уред со фреон.

Центрирање на трап
Центрирањето на трап е потребно за да се овозможи еднакво и изедначено трошење на нагазната површина, како и прецизност во управувањето со возилото. Доколку оваа рамнотежа е нарушена, возилото не функционира како што треба, а тоа по автоматизам се пренесува и на пневматиците.

Хотел за гуми
Мотоцентар Ви нуди и услуга чување на летно/зимските гуми. Сите се соочуваме со недостаток на простор каде би ги чувале работите кои не ги користиме секојдневно. Сезонските гуми претставуваат голема инвестиција и поради тоа треба одговорно да ги чуваме. За чување на гумите потребни се адекватни услови со цел да го одржат својот квалитет, рок на траење и подготвено да ја дочекаат следната сезона.

Прочитајте повеќе

поточиња 2024

Поточиња викендов седум пати ја наполнија Филхармонија

Новото издание на детскиот фестивал Поточиња кое се одржа викендов во Македонска Филхармонија привлече огромен …