На 3 јуни оркестарот на Филхармонија ќе настапи заедно со учениците од државните музички училишта

На 3 јуни (четврток), со почеток од 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот „Младите доаѓаат“, на кој тие ќе настапат заедно со учениците од државните музички училишта, информираат од Филхармонија.

„На програмата се дела од Хајдн, Пихл, Штамиц, Моцарт, Глук, Сен-Санс и Григ. Како солисти ќе настапат: Софија  Михајловска – пијано (VIIодд., класа: проф. м-р Ана Трајановска), Огнен Златанов – контрабас (IIгодина, класа: проф. м-р Благој Маротов), Јосипа Василевска – флејта (Iгодина, класа: проф. Николина Ефтимова Тодоровска), Виктор Рафајловски – пијано (IIIгодина, класа: проф. Катерина Фидановска Ќетковиќ),  Теодора Пејиќ -соло пеење (IIIгодина, класа: проф.Александра Коцевска), Магдалена Дрмач – виолончело (I година, класа: проф. Александра Јаневска) и Гоце Златев – пијано (I година, класа: проф. Славица Мицевска)“, информираат од Филхармонија.

Концертот „Младите доаѓаат“ ќе го води маестро Сашо Татарчевски.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …