Пишува: Зоран Милошески
Во саботата на 23. јуни во Солун, Грција, се одржа Европското клупско првенство во традиционално јапонско џудо. Првенството беше во организација на џудо клубот „Ираклис“ од Солун, во соработка со Светската џудо федерација во традиционално џудо.
Со 6 натпреварувачи во конкуренција на јуниори и ветерани, учество на првенството зеде и џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп. Притоа, џудистите на „Сеишин“ постигнаа извонредни резултати, освојувајќи 6 медали, од кои 2 златни, 1 сребрен и 3 бронзени.
Во јуниорска конкуренција, први места освоија Марио Тошески и Јован Најдоски, додека трите трети места им припаднаа на Михаел Конески, Марио Цинцароски и Александра Најдоска. Во конкуренцијата на ветерани, Киро Здравески го освои второто место.
Заради постигнатиот 100 % учинок и шесте освоени медали со ист број на учесници, на џудо клубот „Сеишин“ му беше доделен и специјален пехар, а специјална награда освои и прилепскиот џудист Киро Здравески, кој со своите 68 години беше најстариот учесник на првенството.
Еден ден подоцна, на 24.јуни, на Државното првенство во џудо за ученици од основните училишта кое се одржа во Скопје, членовите на „Сеишин“ освоија 10 медали: 2 златни, 4 сребрени и 4 бронзени.