• Импресум
  • Контакт
  • Политика на приватност
Оди на...
    ПУБЛИКУМ ПУБЛИКУМ
    • Почетна
    • Македонија
      • Прилеп
      • Партиска хроника
      • Фејсбук статус на денот
      • Избрани твитер статуси
      • Писма од читатели
    • Глобус
    • Пари
    • Анализа
    • Интервјуа
    • Колумни
      • Чеге Вара
    • Магазин
      • Спорт
      • Техника
      • Авто-мото
    Оди на...

      На избори сакаме да имаме избор!

      25/1/2019
      Авторски, Колумни
      На избори сакаме да имаме избор!

      Пишува: Доц. д-р Јасмина Трајкоска

      Во денешна смисла на зборот, изборите започнуваат да се развиваат како концепт во XVII век. Централно прашање во овој период е „Кој ќе има право на глас?“, додека централна поента на изборите е избор на оние кои треба да одлучуваат за нас.

      Познато е низ историјата, колку тешко се развива правото на глас. Мажите долго време доминираат со правото да гласаат. И не сите мажи, туку право на глас имале само оние кои поседувале земја и оние кои припаѓале на високите слоеви. Во 1920 година, Северна Америка и Велика Британија одлучуваат дека правото на глас треба да е универзално за сите мажи, а некаде започнува да се развива мислата за можноста за право на глас и за жените. Што се однесува до тоа прашање, кон крајот на 19. век, лимитирано право на глас на жени се дозволува во Финска, Шведска и во некои од колониите во Австралија и САД. Ова е многу важно да се знае, за да почнеме да развиваме осет колку била тешка борбата за денес ние да имаме право на глас.

      Во повеќето западни и источни демократии, изборите се централна категорија преку која граѓаните ги избираат своите претставници во законодавната и извршната власт. Изборното право е најзначајно право во корпусот на политичките слободи и права. Еманципацијата на граѓанинот за изборниот процес и правилно користење на неговиот глас, е еден од најголемите предизвици во неразвиените демократии. Тоа е случај и со Република Македонија.

      Во нашата држава се одржуваат 3 видови избори: претседателски, парламентарни и локални. До сега сме имале 9 парламентарни избори, од кои 4 биле предвремени, како и 5 претседателски и 6 локални избори. Парламентарните избори се најважни за функционирањето на државата. Последните локални избори ја потврдија нашата добро позната избирачка традиција, на тие избори граѓанинот да го даде својот глас за победникот на парламентарните избори. За оној кој му е поблизок да му заврши некоја работа, за тој што му ветил вработување. Клиентелизмот доби толкави размери, што политичките партии ги направи најмоќните институционализирани актери во македонскиот политички систем. Сега, пред претседателските избори, повторно се отвора прашањето за предвремени парламентарни избори.

      За Македонија да прерасне во функционална држава, треба многу. Но време е да се потенцира дека праксата за предвремени парламентарни избори, е една од причините за континуирана нестабилност и комплетно партизирање на сите политички процеси. Дополнително, нееманципираните членови на политичките партии, заедно со неедуцираниот граѓанин за изборниот процес и користењето на правото на глас, се главна причина за пост-изборните последици. После секои избори, голем дел од граѓаните се разочарани. Сите тие едвај чекаат или “нивните” конечно да им завршат работа, или да има нови избори за “нивните” да дојдат на власт и Македонија “конечно да почне да функционира“. Креирањето на јавни политики на секое ниво, останува заборавено, како да не е тоа основна цел на избраните. Потценувањето, пак, на претседателските и локалните избори, е феномен кој ја има истата основа – незнаењето!

      Правото на глас на македонскиот граѓанин му е загрозено и со агресивната теренска работа од страна на партиските активисти, што, по правило, се наметна како неопходност пред секои избори. А реченицата „Денешниот изборен ден помина во фер и демократска атмосфера”, која ја кажуваат како успех на денот на изборите, е едно од најголемите потценувања на интелигенцијата на граѓаните. Кршењето на кутии и пукањето на изборниот ден, се веќе надминат “фолклор“. Во изминатите изборни циклуси станавме многу пософистицирани во загрозувањето на правото на глас на нашите сограѓани. Сега сме соочени со потребата од анализа на изборниот процес вкупно, бидејќи теренот толку добро е обработен во изборната кампања, што на денот на изборите набљудувачите од политичките партии со голема точност ги знаат резултатите, уште пред истите да бидат соопштени од Државната изборна комисија.

      Граѓаните станаа свесни дека на изборите, преку давањето на својот глас за некоја од политичките партии, можат да си ги завршат главните потреби. Така, во едни поранешни избори, бевме сведоци на барање доставено до претходниот премиер за ставање на позитивна листа на лекови за тешки болести. Во присуство на камерите, “шефот” му кажа на директорот на Фондот за здравство што треба да направи: бараните лекови веднаш да бидат ставени на листата! Младиот 35 годишен човек, молејќи за спас на неговиот живот, возврати: „Фала ви, вие ќе победите на изборите“. Го следев продолжението на сторијата и, за жал, човекот по една година почина.

      Вистинско шоу беа и претходните искуства со социјалните станови, кога во главните вести „Сител“ прикажуваше прилози во траење од 7 минути, со цел да го “овековечи“ давањето клучеви на човек кому “шефот” му ветил стан на некоја од бројните средби со граѓаните. Исто така, не смееме да заборавиме дека пред да се затвори А1 телевизија, слушнавме како од граѓани се бара да го дадат својот глас за една партија, а за возврат на тоа да добијат ин витро оплодување.

      Да застанеме за момент и да видиме колку долго македонскиот граѓанин бил осакатуван по основ на градење став, имање избор или право на избор? Ете затоа веќе ни се лоши од избори на кои немаме избор!

      Споделете :
      • Facebook
      • Twitter
      Променливо облачно со слаби врнежи од снег
      Следно
      Променливо облачно со слаби врнежи од снег
      Уште пет формални чекори до столчето во НАТО
      Претходно
      Уште пет формални чекори до столчето во НАТО

      Слично

      • 19/2/2019

        “Глогов колец“ во срцето на СЈО

        “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        18/2/2019

        Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување

        Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        18/2/2019

        На подрачјето на Прилеп, МВР спроведе зајакната акциска контрола за

        На подрачјето на Прилеп, МВР спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи под дејство на алкохол
      • “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        19/2/2019
      • Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        18/2/2019
      • На подрачјето на Прилеп, МВР спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи под дејство на алкохол
        На подрачјето на Прилеп, МВР спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи под дејство на алкохол
        18/2/2019
      Дозволено е превземање со наведување на изворот и линкување. 2016 Публикум МЕДИА