На патот од Нова Градишка до Крушево, ултрамаратонците се поклонија пред спомен-обележјето на Тоше во Прилеп

На патот од Нова Градишка до Крушево, ултрамаратонците се поклонија пред спомен-обележјето на Тоше во Прилеп

Учесниците во ултрамаратонот од Нова Градишка до Крушево, кој се трча по повод годишнината од загинувањето на Тоше Проески, денеска застанаа и се поклонија пред спомен-обележјето на Тоше во Прилеп.

„Оваа година по 12 пат го започнавме традиционалниот меѓународен ултрамаратон од Нова Градишка до Крушево, каде е вечното почивалиште на Тоше Проески. Целта на овој ултрамаратон е да го зачуваме ликот и делото на нашиот Тоше, да ја продолжиме таа дружба и да се потсетиме на се’ што правеше тој, со фановите од Република Хрватска и Република Македонија“, изјави Наум Капричевски, учесник на ултрамаратонот.

Во чест на Тоше, пред спомен-обележјето во центарот на Прилеп беа испеани неколку негови песни, после што ултрамаратонците го продолжија својот пат до вечното почивалиште на Тоше, на Гумење, во Крушево.

Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година, во близината на Нова Градишка, Хрватска.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …