На предвремените избори во Бугарија водат ГЕРБ и „Има таков народ“

На предвремените избори во Бугарија водат ГЕРБ и „Има таков народ“

Со преброени скоро 90 проценти од гласачките ливчиња на 12 јули, ГЕРБ има 585.460 гласови или 24,01 процент. Има Таков народ, предводен од телевизискиот забавувач Слави Трифонов, заостанува со околу 13.000 гласови, со 572.365, или 23,48 проценти, според резултатите од изборната комисија. Многу агенции за анкетирање предвидуваат дека ИТН сè уште може да го поврати водството пред ГЕРБ по пребројувањето на последните гласови. Бугарската социјалистичка партија (БСП) има 13,7 проценти, додека либералната, западно ориентирана група Демократска Бугарија 12,6 проценти. Движењето за права и слободи (ДПС), претежно поддржано од етничките Турци, освои 10,6 проценти, додека Исправи се! Излези! – нов, левоцентристички сојуз, покренат од поранешниот народен правобранител Маја Манолова 5,5 проценти.

Ниска излезност на изборите во Бугарија

Околу 6,7 милиони луѓе имаа право да гласаат за членови на парламентот со 240 места. Првите проценки по излезните анкети му даваат на ИТН 64 места, додека на ГЕРБ 61-но. Аналитичарите претпоставуваат дека ИТН може да се обиде да формира коалициска влада со либералниот сојуз Демократска Бугарија и со Исправи се! Мафијата надвор! Сепак, трите партии можеби нема да го добијат мнозинството потребно за формирање влада и може да бидат принудени да побараат поддршка од некои членови на Социјалистичката партија или од Движењето за права и слобода. Предвремените парламентарни избори се одржаа само три месеци по претходните избори.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Трамп може да се кандидира и од затвор

Трамп може да се кандидира и од затвор

Ова никогаш не се случило во историјата на САД. Идниот кандидат и, можеби, претседател Доналд …