На првиот работен ден, Пендаровски ќе се сретне со евроамбасадорот Жбогар

На првиот работен ден од претседателскиот мандат, Стево Пендаровски во Вилата Водно ќе има средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самоел Жбогар.

Откако Државната изборна комисија (ДИК) во саботата на седница му го врачи уверението на Стево Пендаровски за претседател, во неделата се одржа седница во Собранието, на која, тој и официјално ја презеде функцијата претседател.

„Сакам јавно да кажам и да се обврзам дека ќе бидам претседател на сите граѓани, и на оние кои гласаа за мене, и на оние кои гласаа за моите противкандидати, како и на оние кои не излегоа на гласање. Првата работа што ќе ја направам е да подадам рака за соработка кон опозицијата. Време е да ги залечиме отворените рани од нашето скорешно минато и реално да го почнеме граѓанското помирување зашто немаме резервна татковина која можеме да ја наречеме наш дом. На тој пат сакам да се вложам без остаток, водејќи сметка за сопствениот политички рејтинг“, рече Пендаровски во свечената изјава.

По инаугурацијата во Собранието, Стево Пендаровски се упати кон вилата „Водно“ каде на официјална церемонија му беше примопредадена функцијата претседател на државата со највисоки воени и државни почести.

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов и Пендаровски имаа тет-а-тет средба, како и заедничка средба со вработените во Кабинетот. Пендаровски имаше и билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, како и со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Тој имаше билатерални средби и со министерот за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, со заменик министерот за надворешни на Република Турција, Фарук Кајмакчи, како и со државниот потсекретар во МНР на Република Полска, Пјотр Вавжик.

Пендаровски, во рамките на билатералните средби доби покани за посета на Србија и на Бугарија.

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …