Саемот за транспорт

На Саемот за транспорт од 07ми до 09ти јуни ќе бидат претставени над 40 брендови

Бизнис светот е синергија на упорност, визија, партнерство, но и квалитетни услуги и производи. Токму тоа е премисата на претстојниот Саем за транспорт 2023, на којшто ќе се претстават повеќе од 40 познати и реномирани брендови од земјата, регионот и пошироко.

Организаторот најавува дека саемот ќе се реализира на отворено, во Комплекс – Борис Трајковски во Скопје.

На Саемот за транспорт, се најавуваат ексклузивни саемски понуди од познати импортери на товарни возила, приклучни возила, како и голем број на брендови со палета на комерцијални возила, автобуси, градежна механизација, транспортни и логистички компании, пратечка индустрија и услуги. Во групата на брендови-учесници се вбројуваат МакАутоСтар со Mercedes-Benz и Fuso, Schmitz Cargobull, Volvo, Cargomax IVECO, АутоМакедонија Групација (Isuzu, Piaggio Commercial, SsangYong), Krone, ManiService, Carrier, Sa-Tra, Termo Sistems Pegi, Thermo King, Euro Bus, Motocentar, Dauti-Transport-Shped, Diginet, Фас-Вас Авто Центар, Petronas, LTL Balkan, Велком Трејд Сервис, Виадукт Трејд, Стиринг трејд, Matrix, DB Schenker, Cargo-Partner, Uni Parts, Sunward, Takeuchi, Everun, ITR USCO, T&T parts, Мега техника, ТТG, Frotcom, Еуроват Про, Бе-Да логистик, Mајанца шпед, Sparkasse Leasing, Macedonia From Above и други.

Во рамките на тридневниот саем, ќе се одржат и многубројни промоции на врвни брендови во индустријата.

Саемот за транспорт 2023 ќе започне на 07.06.2023 (среда) и ќе трае до 09.06.2023 (петок). Истиот ќе биде отворен за сите заинтересирани посетители и деловна публика, секој ден, со почеток од 10:00 до 18:00 часот.

За сите новитети поврзани со Саемот за транспорт, секој може да го следи Скопски Саем и на @skopski.saem на Instagram, како и на Скопски саем – Skopski saem на Facebook.

Саемот за транспорт е дел од трилогијата „Саеми во пролет“ во организација на Скопски Саем.

Прочитајте повеќе

МТФ „Војдан Чернодрински“:„Црна дупка“ на театарот „Антон Панов“ од Струмица најдобра претстава, седум награди за „Иванов“ на МНТ

МТФ „Војдан Чернодрински“:„Црна дупка“ на театарот „Антон Панов“ од Струмица најдобра претстава, седум награди за „Иванов“ на МНТ

Претставата „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски на Театарот „Антон Панов“ од Струмица ја …