Пред хотелот „Еспланада“ во Загреб, каде се одржува самитот на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), на кој што учествуваат премиерите на Унгарија, Албанија, Словенија, Македонија и Романија, поголема група демонстранти организираа протест против унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Протестантите истакнаа транспаренти на кои пишуваше: „Депортирајте го Орбан, а не мигрантите“ и „Смрди на фашизам“.Од организацијата „ГОНГ“, која е дел од протестот, велат дека ги сакаат Европа и ЕУ во која еднакво важат сите човекови права, во кои еднакво важи владеење на правото и во која нема црни оази како Унгарија во која се загрозени темелните вредности.
Од вкупно 18 членки на ЦЕИ, во Загреб пристигнаа петмина премиери, додека останатите ги претставуваат амбасадори и делегации.