Набиена агенда на Заев во Софија, ќе се сретне со Ципрас, Макрон, Меркел, Курц, Руте

Набиена агенда на Заев во Софија, ќе се сретне со Ципрас, Макрон, Меркел, Курц, Руте

Премиерот Зоран Заев на 17 мај ќе учествува на Самитот на Европската унија за Западен Балкан што ќе се одржи во Бугарија, земја претседавач на Европскиот Совет. За време на Самитот, предвидена е и средба со премиерот на Грција, Алексис Ципрас.

„Премиерот ќе учествува во работната пленарна сесија на тема „Поврзување“ (Connectivity), а за време на работниот ручек на шефовите на владите и на држави, со највисоките претставници на телата на Европската унија, ќе зборува на темата „Заедничко справување со заканите“. Заев ќе има билатерални средби со повеќе премиери и шефови на држави. Планирани се билатерални средби со претседателот на Франција, Емануел Макрон, со канцеларката Ангела Меркел, како и со премиерот на Холандија, Марк Руте“, информираат од Владата.

Во агендата на премиерот Заев се испланирани и билатералните средби со премиерите на Австрија, Шведска и Естонија, Себастијан Курц, Стефан Лофвен и Јури Ратас.

Заев е поканет да учествува и да говори на конференции кои се одржуваат паралелно со Самитот на ЕУ во Софија.

На Самитот во Софија ќе учествуваат и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …