Американскиот претседател Доналд Трамп, по пукањето врз двајца национални гардисти во близина на Белата куќа во Вашингтон, објави дека една од повредените им подлегнала на повредите. „Таа беше брутално нападната, таа е мртва“, рече тој.
Другата жртва, маж, се бори за својот живот. Трамп го нарече уапсениот осомничен – Авганистанец – „монструм“.
Според полицијата во Вашингтон, 29-годишниот осомничен пукал врз двајцата гардисти во близина на метро-станицата „Фарагут Вест“, само неколку блокови оддалечена од Белата куќа.
Други членови на Националната гарда го слушнале пукањето, интервенирале и го совладале осомничениот, се додава понатаму. Полицијата пристигнала само неколку моменти подоцна.
ФБИ истражува можен терористички мотив
Трамп претходно го нарече инцидентот терор и најави политички последици. Истражители од ФБИ за борба против тероризмот започнале потрага по мотивот на осомничениот, за кого властите велат дека е авганистански мигрант.
Трамп: Последици за Авганистанците
Трамп најави дека ќе нареди „повторна проверка“ на сите Авганистанци кои дошле во САД за време на претседателството на Џо Бајден.
Извор: DW
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место