Над 1.500 учесници на штотуку завршениот „Плетвар Аутдор Фестивал“

Над 1.500 учесници на штотуку завршениот „Плетвар Аутдор Фестивал“

-Со голема посетеност и заинтересираност од страна на љубителите на планината и добрата забава, заврши тридневниот „Плетвар Аутдор Фестивал“,  рекоа на денешната прес конференција оганизаторите на манифестацијата, Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ и Извидничкиот одред „Феникс“.

„За време на трите фестивалски денови имавме посетеност од околу 1.500 љубители на спортско-забавната манифестација ‘Плетвар Аутдор Фестивал’. Имаше учесници од цела Македонија кои останаа да кампуваат во сите три фестивалски денови. Задоволни сме од заинтересираноста, најголем интерес имаше за планинската тура ‘Козјак’, посета на ‘Дуовата пештера’, планинската трка, велосипедската трка, како и на сите останати катчиња како што бевме поделени. Манифестација имаше хуманитарен карактер, во насока да собереме што е можно повеќе средства за дооформување на спасителната служба со нова опрема, материјално-технички средства и се’ што е потребно за развој на оваа служба. Со собраните средства очекуваме да набавиме три комплети (појаси, алатки за качување, јажиња, шлемови, како и други видови алатки) кои ќе помогнат за подобар пристап и развој при работа на терен“, посочи Дарко Неданоски, претседател на спасителна служба „Златоврв“.

Прочитајте повеќе

„Храбриот нов театар“ – мото на јубилејното 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

„Храбриот нов театар“ – мото на јубилејното 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

„Храбриот нов театар“ е мотото под кое ќе се одржи 60. јубилејно издание на Македонскиот …