Над 3400 учеснички ја истрчаа Авицена женската трка денеска во Скопје

Над 3400 учеснички ја истрчаа Авицена женската трка денеска во Скопје

Денес во Скопје, во 10 часот кај фонтаната „Лотос“, која беше старт и цел на трката, започна 14. издание на „Авицена женска трка“. Посветена на жените и нивната улога во спортот, трката се одржа со посебен режим на сообраќај на булеварот „Илинден“ во утринските часови.

Пред стартот се одржа аеробик загревање за учесничките. Настанот е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, заедно со АК Скопски Маратон и АК Работнички, Град Скопје беше покровител.

По патеката долга 3 километри, најбрзо истрча Душица Јанковиќ, со резулатат од 11 минути и 24 секунди. На второ место се најде Викторија Тодоровска со резултат од 11 минути и 58 секунди, а третото место ѝ припадна на Емили Ивановска, која заврши за 12 минути и 6 секунди.

Организаторите доделија награди и за најбрзите учеснички во десет различни возрасни категории, а за прв пат годинава има и категорија за учеснички кои имаат над 80 години. По церемонијата на прогласување на победничките беше организирана и лотарија со извлекување стартни броеви, при што дел од учесничките добија подароци обезбедени од партнерите на настанот.

И ова издание на Авицена Женска трка потврди дека интересот за спорт и рекреација кај жените постојано расте, а со добра организација ваквите настани дополнително ја поттикнуваат свеста за здрав и активен начин на живот.

Над 3400 учеснички ја истрчаа Авицена женската трка денеска во Скопје
Авицена женска трка 2026 | Фото: Небојша Гелевски

Над 3400 учеснички ја истрчаа Авицена женската трка денеска во СкопјеАвицена женска трка 2026 | Фото: Небојша Гелевски

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Со новиот Закон за високо образование премиерот ќе ги задржува младите дома, студентите со критики

Со новиот Закон за високо образование премиерот ќе ги задржува младите дома, студентите со критики

На прес-конференција за Предлог-законот за високо образование, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека образованието со години …