НАД 6.000 АМАНДМАНИ ЗА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ОТВОРЕНИ ЛИСТИ

НАД 6.000 АМАНДМАНИ ЗА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ОТВОРЕНИ ЛИСТИ

На предложените измени на Изборниот законик поднесени се над 6.000 амандмани. Измените се поднесени од 15 пратеници од помалите партии, кои предлагаат една изборна единица и отворени листи.

На денешната собраниска седница предложени се два предлог-закони за измени и дополнувања на Изборниот законик. Првиот предлог-закон предвидува измена на изборниот модел од шест во една изборна единица во Републиката со 120 избрани пратеници, а вториот предлог-закон се однесува на локалните избори и воведување отворени листи за избор на советници.

Во вториот предлог исто така се предвидува замена на родовата квота од 40 проценти со наизменичен еднаков број мажи и жени на листите за парламентарни и за локални избори.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …