Соопштение на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија:

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да престанат да шират измислици и лажни вести и јасно да кажат дали се за влез на Македонија во ЕУ и НАТО.

Изборот е јасен или ЕУ и НАТО или изолација. Врвот на ВМРО-ДПМНЕ треба да каже за што е.

Ако се ЗА ЕУ и НАТО сега е моментот кога треба да престанат со лажни вести и обидите да му обезбедат амнестија на Никола Груевски и да ги повикаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на граѓаните во Собранието.

Оние пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои навистина сакаат да ја видат државата во ЕУ и НАТО, мора да преземат обврска, мора да ги продолжат процесите во Собранието.

Членството во ЕУ и НАТО нема алтернатива. Над 600.000 граѓани упатија јасна порака дека се за иднина во ЕУ и НАТО и сите мора да ја почитуваме нивната одлука.

Но ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ако раководството на партијата и Мицкоски одбиваат да го сторат тоа, тогаш неминовни се предвремени парламентарни избори, организирани веднаш.

Македонија ќе стане членка на НАТО, а потоа и на ЕУ. Мицкоски нема да ја спречи волјата на граѓаните, нема да ја закочи иднината на Македонија.

Над 600.000 граѓани упатија јасна порака дека се за ЕУ и НАТО, тоа мора и ќе биде испочитувано!