Со одлука на Владата, најголемиот и најрепрезентативен фудбалски стадион во нашата држава, од денеска го носи името „Арена Тоше Проески“. Информацијата преку Твитер ја потврди и портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Со тоа, во историја замина „Арена Филип Втори“, името кое стадионот го доби во 2009 година, а кое во 2016 година беше надополнето со „Телеком Арена“.