Најмалку 105 повредени во земјотресот во Албанија

Најмалку 105 повредени во земјотресот во Албанија

Најмалку 105 лица се повредени во земјотресот што вчера ја погоди територијата на Албанија. Ова го потврдуваат првичните податоци објавени на вонредната владина седница одржана на полноќ. Земјотресот оштетил повеќе од 290 домови , а пукнатини се појавиле на 20 станбени згради, пренесува АТА. Поради земјотресот, албанскиот премиер Еди Рама го откажа патувањето на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

По првиот земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер, уште еден силен земјотрес ја погоди областа на Албанија околу полноќ, со јачина од пет степени со епицентар кај Драч, а потоа се почувствувала серија на помали земјотреси. Епицентарот на земјотресот беше во Јадранското Море, на длабочина од десет километри.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

украина напад загинаа

Пет лица загинаа, а 67 се повредени во руски напад врз трговски центар во Украина

Еден од најкрвавите напади врз трговски центар се случи минатиот месец, кога, според украинските власти, …